Екипата на Астон вила го декласираше Фрајбург со 3:0 во финалето на УЕФА Европа лигата и обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона, но токму тоа создаде вистински хаос во Англија.

Тимот на Унаи Емери сега може да ја доведе Премиер лигата во неверојатна ситуација: Англија да остане без претставник во Лига Европа. Причината е што Англија веќе има пет гарантирани места во Лигата на шампионите, а Вила доби дополнително место, како освојувач на Лига Европа.

Ако заврши клубот од Бирмингем петти или шести во Премиер лигата, тогаш неговото место од домашното првенство практично исчезнува, што би предизвикало целосен пресврт во распределбата на европските места.

Затоа дел од англиската јавност сега навива Астон вила да загуби во последното коло против Манчестер сити, а Ливерпул да го победи Брентфорд.

Во тој случај Вила би паднала на петтото место, а дополнителното европско место би му припаднало на Бурнемаут.

Освен драмата околу табелата, Унаи Емери повторно покажа дека е вистински крал на Лига Европа. Шпанскиот стратег ја освои својата петта титула на ова натпреварување: три со Севиља, една со Виљареал и сега една со Астон вила.

Неверојатно звучи и податокот дека во нокаут-фазите и финалињата на Лига Европа Емери има само еден пораз – финалето со Арсенал против Челзи.

ИЗДВОЕНИ