Македонската женска кошаркарска репрезентација одигра уште еден разочарувачки натпревар во квалификациите за Евробаскетот во 2027 година. Нашата селекција претрпи убедлив пораз на гостувањето во Хрватска (83:55), во рамките на третото коло од групата Ф,и сега има биланс од една победа и два порази и се наоѓа на последното место.

  • Одигравме три натпревари за десет дена и можам да кажам дека сум задоволен и од резултатите и од залагањето на играчите. Кратката ротација најмногу се одрази во третиот дуел со Хрватска, кога беше јасно видлив заморот кај кошаркарките што го понесоа главниот товар – истакна селеторот Александар Ашаданов по поразот од Хрватска.

Ашаданов истакна уште еден хендикеп, и тоа сериозен.

  • Голем хендикеп за нас беше и болеста на нашата капитенка, Митрашиновиќ, која два дена имаше висока температура и примаше инфузии. Таа настапи благодарение на пожртвуваната работа на медицинскиот тим, кој направи сè за да биде барем делумно подготвена – потенцираше селекторот.

Сепак, и покрај тоа што сме последни во групата по три одиграни натпревари, Ашаданов е задоволен од прикажаното на своите избранички.

  • Убеден сум дека доколку го игравме дома вториот натпревар со Хрватска, ќе имавме и подобар резултат. Сепак, со оглед на краткиот подготвителен период со екипата, мораме да бидеме и повеќе од задоволни од постигнатото во овој прв прозорец. И искрено се надевам дека во вториот прозорец ќе нè заобиколат пеховите и дека ќе успееме да стигнеме до нов позитивен резултат – заврши Ашаданов.

ФОТО: МКФ

ИЗДВОЕНИ