Асфалтирана улицата „119“ во населбата Јака

22

Во населбата Јака на територијата на Општина Илинден комплетно е асфалтирана улицата „119“.

Вкупната должина на улицата е 550 метри, додека широчината на коловозот е шест метри. Воедно, изграден е и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека Општината е во сериозна градежна офанзива, при што се работи на повеќе проекти, а изградбата на улица „119“ е од големо значење за жителите од овој дел на Општината.

Георгиевски додаде дека изградбата на улица „119“ е дел од проектите што ги финансира Владата, а со проектите е опфатена изградба на нов плочест мост и сервисна улица „500“, како и изградба на фекална канализација, крак К4 во Кадино и реконструкција на локалниот пат Бујковци – Мршевци. Средствата за реализација на овие проекти се 70 % од Владата, а 30 % од буџетот на Општина Илинден.

ИЗДВОЕНИ