
Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета, сака и тоа во блиската иднина на располагање да ги има и услугите на турскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Кенан Јилдиз. Неофицијално, шпанскиот стручњак веќе бил информиран дека понудата за офанзивниот играч за врска не смее да биде помала од 100 мил. евра.