На 26 септември (петок), со почеток во 18:00 часот во Галерија на МКЦ – Младински културен центар, Скопје ќе се отвори изложбата „Art beyond Ink“.
„Art Beyond Ink” претставува динамична изложба во која учествуваат повеќе автори со различни пристапи и медиуми.
Во соработка со Младинскиот културен центар, под водство на организаторите Симона М.Новаковиќ и Петар Миљковиќ, проектот го нагласува значењето на колективното творење и размената на идеи. Дел од концептот се и тату артисти, чија работа jа проширува дефиницијата на уметноста надвор од класичните рамки. Изложбата нуди уникатно искуство каде што различните светови на креативноста се спојуваат во едно.
Изложбата ќе биде проследена со доделување на 3 награди, а за изборот на најдобрите дела задолжено е стручно жири предводено од Страхил М. Петровски. Свеченото отворање на изложбата е во чест на Горазд Кени Китановски.
Изложбата ќе трае четири дена.