Арсовска прво да одговори за хаосот во градот и екоцидот

25

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, на обвинувањата на  скопската градоначалничка Данела Арсовска за криминал со дивоградби во општината Чаир, одговара со обвинувања. Тој во телевизиско гостување вели дека Арсовска прво треба да одговори за хаосот во градот и екоцидот. Нагласува дека досега не се памети ваква лоша состојба со хигиената. Меџити обвинува дека Арсовска не направила ништо за Чаир, а наплаќа даноци од граѓаните на општината.

-Таа сработила за ДУИ и Беџети. Кога сме веќе тука, има податоци. На ниво на државата има преку 200 илјади дивоградби, а Чаир учествува само со 1,6% и не може да биде лидер во тоа. На ниво на Град Скопје, Чаир е шеста општина по дивоградби. Ја повикавме за Сарај, ама се вадеше дека општината е надвор од градот. Не е точно. Ја прашавме и за Шутка и тогаш пак добивме одговор дека нема надлежности – дециден е Меџити.

Тој смета дека градоначалничката нема основа за напади, иако поднела официјални документи до Основното јавно обвинителство.

-Која општина нема дивоградба. Нема згради во Карпош, Центар, другите општини? – праша вицепремиерот. Тој упати прашање до Арсовска зошто не доаѓа во контрола на објектите кои ги гради пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.

Меџити не смета дека овој скандал ќе дојде до него и рече: „Зошто да се плашам. Работено е по закон“.

 

ИЗДВОЕНИ