Скопската градоначалничка, Данела Арсовска најавува дека од утре ќе објави фељтон, во кој ќе ги објавува сите криминалии што биле откриени, а не постапувале надлежните институции.
– Ќе об јавувам едно по едно СИТЕ ОД НАША СТРАНА констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои сеуште никој не постапува од надлежните институции. Во градот Скопје во три години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби. Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, поднесовме кривични пријави за УСЈЕ и други големи загадувачи за кои сите останати молчат, а ние трпиме секојдневни закани. Отстранивме тендераши, фирми кои работеле во интерес на партии и расчистивме со корупцијата. За да нема простор за “филозофирање” и “празна реторика”, ќе покажеме дека ГРАДОТ ПОСТАПУВАЛ ВЕДНАШ, а некој друг си тера КАКО И ДО СЕГА – вели Арсовска.