Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја демантираше изјава на министерот за спорт Борко Ристовски, дека не бил надлежен за организирањето на младинската олимпијада, кое се покажа како скандалозно. Според Арсоска, токму министерот за спорт половина година работело на организацијата исклучувајќи го целосно Град Скопје.
-Цела година МОК и Министерството за спорт ја организираат олимпијадата, Град Скопје беше целосно исклучен, дури не доби ниту покана за отворањето. За Европската младинска олимпијада, откако не посрамија на меѓународна сцена, сега сакаат Град Скопје да им е виновен за нивната неспособност.Срамот е ваш, носете си го сами и сликајте се, порачаа од Град Скопје.