– Министерот за внатрешни работи наместо да постапува, си тера политика, при загрозување на мојата безбедност, безбедноста на моето дете и на моето семејство, како и безбедноста на вработените во Град Скопје. МВР сè уште нема ни формално постапено за ниту една поднесена пријава. Оваа група е вмешана во фалсификување и фабрикување документи од повеќе институции, со што незаконски овозможила одредени (дел малолетни) лица да стекнат милиони. Размерот и дрскоста на овие дела, кои достигнуваат 152 откриени случаи во овој момент, се алармантни и претставуваат сериозна закана за безбедноста на нашите жители – напиша скопската градоначалничка Данела Арсовска во отвореното писмо до евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.
Таа бара од Рокас да се вклучи и да помогне, но и да пренесе дека, како што вели, тоа не само што ќе го зајакне и придвижи постапувањето кон правдата туку и ќе испрати јасна порака дека корупцијата и криминалните активности нема да бидат толерирани. Воедно, бара Рокас да ѝ ја пренесе нејзината порака на еврокомесарката Марта Кос
Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, испрати отворено писмо до амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, во кое се жали за заканите што ги добиваат таа и вработените во Град Скопје по откривањето, на како што вели, криминален скандал во кој се вклучени градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и неговата криминална група.
– Министерот за внатрешни работи наместо да постапува, си тера политика, при загрозување на мојата безбедност, безбедноста на моето дете и на моето семејство, како и безбедноста на вработените во Град Скопје. МВР сè уште нема ни формално постапено за ниту една поднесена пријава. Оваа група е вмешана во фалсификување и фабрикување документи од повеќе институции, со што незаконски овозможила одредени (дел малолетни) лица да стекнат милиони. Размерот и дрскоста на овие дела, кои достигнуваат 152 откриени случаи во овој момент, се алармантни и претставуваат сериозна закана за безбедноста на нашите жители – напиша Арсовска во отвореното писмо.
Таа го известува Рокас дека, како одговор на доказите што се прибавени, Основното јавно обвинителство повело истрага.
– Доказите ни се потврдени од повеќе јавни институции, како и од повеќе правни и физички лица. И покрај овие напори, заканите за мојата безбедност и за безбедноста на вработените во Градот Скопјe што работеа на откривање на овие кривични дела, се интензивираат. Нашите инспектори и вработените, кои вредно работат на овој случај, се подложени на насилство и на брутална сила. Им беа исечени гумите на возилата со ножеви, при што и тие, како мене, добија директни закани за нивната безбедност, од лица вклучени со Висар Ганиу во овој скандал. Овие инциденти се официјално документирани и пријавени во Министерството за внатрешни работи, но бавното темпо на правдата ги става во ризик животот и безбедноста на секој од нас – децидна е Арсовска.
Таа бара од Рокас да се вклучи и да помогне, но и да пренесе дека, како што вели, тоа не само што ќе го зајакне и придвижи постапувањето кон правдата туку и ќе испрати јасна порака дека корупцијата и криминалните активности нема да бидат толерирани, со оглед на посветеноста на Европската Унија на владеењето на правото, што е дел од поглавјата за пристапување кон ЕУ, како и поддршката на напорите во борбата против криминалот и корупцијата.
Воедно, Арсовска бара Рокас да ѝ ја пренесе нејзината порака на еврокомесарката Марта Кос.
(А. П.)