
Челниците на Арсенал се на добар пат апсолутно да ги уништат сите планови на Барселона кога е во прашање преодниот рок.
Имено, лондонскиот премиерлигаш уште еднаш остана „со куси ракави“, и нема да освои ниту еден трофеј и покрај добрите игри во актуелната сезона.
„Топчиите“ беа особено добри во Лигата на шампионите, каде во четвртфиналето го елиминираа Реал (М), но беа запрени во полуфиналето од ова натпреварување.
Нивните европски соништа беа скршени од тимот на ПСЖ, кој победи на двата натпревари против Арсенал.
Очигледно, Микел Артета е под притисок, но ќе добие уште една година од раководството на клубот да освои голем трофеј и тој сака да го направи тоа по секоја цена.
Менаџерот на Арсенал потврди дека нему и на тимот што го предводи им претстои голем преоден рок и дека ќе се засилат на неколку позиции за да ја нападнат титулата во Премиер лигата, но и Лигата на шампионите.
Така, Артета сака да донесе напаѓач, лево крило, играч од средниот ред, но тоа не е се кога станува збор за новите играчи кои треба да пристигнат на „Емирати“.
Неодамна „топчиите“ ги договорија сите лични услови со играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и наскоро ќе ја активираат откупната клаузула од 60 милиони евра.
Според новинарите на ЕлНационал, Нико Вилијамс и Виктор Џокереш се следните две засилувања кои Арсенал ќе ги донесе ова лето.
Овие двајца играчи се на мета на раководството на Барселона, но Арсенал е подготвен целосно да им ги уништи плановите кога е во прашање преодниот рок.
Спортскиот директор на Барселона, Деко, се уште ја следи ситуацијата околу овие двајца играчи, додека Арсенал веќе почна со работа и наводно се е подготвено за официјални понуди.
„Топчиите“ имаат финансии да ја платат откупната клаузула за Вилијамс од 60 милиони евра и лесно да ја совладаат Барселона и во оваа битка.
Очигледно Вилијамс и Џокереш веќе бараат куќи во Лондон, а Артета имал лични разговори со двајцата играчи и ги убедил дека треба да дојдат во овој клуб.
Кога станува збор за Џокереш, Арсенал ќе треба да плати 71 милион евра за обештетувањето, што значи дека за овие двајца играчи би требало да се одвојат 131 милион евра.