Арктички студ го замрзна Балканот и донесе снег дури до грчките острови

879

Ледената воздушна маса донесе многу ниски температури во нашиот регион, а студениот воздух навлезе дури на југ до Медитеранот.

Територијата на Македонија во текот на оваа ноќ потпадна под многу студена поларна воздушна маса од север која дополнително ги спушти температурите на воздухот. Утрово ќе биде екстремно ладно во Македонија со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -5 степени а во планинските места температурите се очекува да се спуштат и до -20 степени. Во Скопје утрово температурата ќе се спушти до околу -10 степени.

Студен бран над целиот Балкан 

Минималната температура во Хрватска ноќеска се спушти на -16 степени, до – 18 наутро на северот на Црна Гора, а локално до -20 степени во делови од Босна. Во Сараево -16.

Мраз се очекува и на Јадранското Море, со температури до -2, а во внатрешноста на Јадранското Море до -7. Ледено време се очекува и во Словенија и Бугарија со температури кои паѓаат под -10 степени. Ледениот бран не ја заобиколи ниту Србија, со температури кои синоќа на Копаоник се спуштија на минус 15 степени Целзиусови.

Зимскиот удар пристигна и до Грција

Силен циклон со обилни врнежи од дожд се движи низ Егејското Море од синоќа, а на пат кон Турција, влече ледена воздушна маса од север над Грција, па затоа многу области таму очекуваат снег. Во Егејското Море и областите покрај Егејското Море од вчера навечер врне обилен дожд, а снег на копно, кој ќе падне кон морето на Халкидики и пошироката област на Солун, а подалеку на југ до Атина и на островите, дури и до 300 до 500 метри надморска височина. Снег се очекува дури и над самото Егејско Море утрово, покривајќи бројни грчки острови.

Температурите ќе паднат за неколку степени над 0, додека мраз се очекува во северна Грција и Солун, силен во северниот континентален дел на Грција. Добрата вест е дека од вторник па натаму, регионоѕ ќе доживее позабележително топење на мразот поради приливот на топли воздушни маси од Медитеранот.

ИЗДВОЕНИ