сабота, февруари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Арбр Адеми за учеството на лидерската средба: ДУИ е за суштински дијалог,...

Арбр Адеми за учеството на лидерската средба: ДУИ е за суштински дијалог, дневниот ред е опширен

280

Опозициската ДУИ денеска попладне на седницата на Генералниот совет на партијата ќе донесе конечна одлука дали нејзиниот претставник да учествува на лидерската средба која за утре на пладне ја закажал премиерот Христијан Мицкоски. Генералниот секретар на партијата Арбр Адеми за весникот Вечер изјави дека Советот детално ќе ги анализира сите аспекти на учеството на средбата.

-Одлуката дали ќе се појавиме или не на лидерската средба ќе се донесе зависно од дискусиите на членовите на Генералниот совет. Како државотворна партија ние секогаш сме се залагале за суштински дијалог, со добро утврдената агенда. За утрешната средба предложен е опширен дневен ред и затоа во наши редови постојат дилемите околу учеството, околу тоа што и како натаму. Затоа и опсежно ќе се анализира дали да се оди на средбата – рече Адеми.

Околу проблемот со обезбедувањето на Бадентеровото мнозинство за повеќе законски акти кои се блокирани во Собранието поради противењето на коалицијата НАИ предводена од ДУИ, Адеми рече дека проблемот е во процесо тна подготвувањето на тие закони.

-Во тој процес потребен е инклузивен процес. При креирање на таквите прописи потребнен е консензус. И ако има интенција да има консензус тогаш проблеми нема да има, но ако некому му е интенција нас да не стави пред свршен чин, тогаш тоа е неприфатливо – ни рече Адеми. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ