Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денес изјави дека Иран е подготвен да се вклучи во нуклеарни разговори со САД, „под услов тоа да биде без закани или диктати“.
„Не веруваме дека Вашингтон е подготвен за фер и праведни преговори, а кога ќе биде подготвен, сериозно ќе го разгледаме прашањето“, изјави Аракчи за Ал Џезира.
Тој рече дека Иран е подготвен и за војна, ако Вашингтон сака да ја испроба воената опција.
„Ако Вашингтон сака да ја тестира воената опција што веќе ја тестираше, ние сме подготвени за тоа. Имаме голема и сеопфатна воена подготвеност во споредба со она што го имавме за време на последната војна.
Подготвени сме за сите опции и се надеваме дека Вашингтон ќе ја избере мудрата опција“, рече Аракчи. Аракчи додаде дека Иран ги „проучува“ на предлозите испратени од Соединетите Американски Држави.
„Некои идеи се дискутирани со Вашингтон и ние моментално ги проучуваме, објави Танјуг. Предложените идеи и заканите на Вашингтон против нашата земја се некомпатибилни“, рече иранскиот министер за надворешни работи.












