Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вчера потврди дека се разменети одредени пораки меѓу Иран и САД, и директно и преку посредници, нагласувајќи дека тоа не значи дека САД и Иран преговараат.
„Добив пораки директно од специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, но тоа не значи дека преговараме“, рече Арагчи, наведе Ал Џезира. „Нема вистина во тврдењата за преговори со некого од Иран. Сите пораки се разменуваат преку Министерството за надворешни работи и нема комуникација меѓу безбедносните агенции“, рече Арагчи.
Тој истакна дека Техеран не одговорил на ниту еден од „15-те американски предлози“, ниту пак самиот презентирал какви било предлози или услови.
Арагчи рече дека сè уште нема конечна одлука за преговорите со САД и дека има „резервираност“ во овој поглед.
Иранскиот министер за надворешни работи истакна дека Иран ќе прифати единствено некакво прекинување на непријателствата во регионот, но не и прекин на огнот.












