петок, февруари 27, 2026
Дома МАГАЗИН „Апсолутна забава“ ја затресе салата „Борис Трајковски“: Вечерва се одржува 29. издание...

„Апсолутна забава“ ја затресе салата „Борис Трајковски“: Вечерва се одржува 29. издание на „Златна бубамара на популарноста“, се доделуваат награди и признанија/ФОТОГАЛЕРИЈА

110
Фото: П. Стојановски

Шоуто за сите генерации, „Златна бубамара на популарноста“, вечерва се одржува по 29 пат во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Најпопуларната манифестација на македонската сцена уште еднаш покажа дека е достојна на своите размери и овој пат целосно го оправда мотото под кое се одржува, „Апсолутна власт, апсолутна забава“.

Оваа вечер ги слави сите кои оставиле траен белег на домашната сцена, признанија им се доделуваат на музички и актерски легенди, а сврзно „ткиво“ како и досега така и оваа година, беа шегите и забавата за кои се погрижија комичното дуо, Атанас и Тино.

Салата се „затресе“ од смеата на публиката, но и од звуците на домашните и музичарите од регионот, меѓу кои охридскиот џезер Владимир Четкар, Александра Радовиќ, Весна Писаровиќ и други познати естрадни имиња. А, настапи и младата македонска гордост Тина Русева, чиј вонсериски вокал ја прослави како „гласот на Европа“.

Се доделуваат и награди, легендарниот Круме Спасовски ја доби наградата за животно дело, неговата вонвременска изведба на хитот „Чудна жена беше вера“, беше топло поздравена од публиката, а наградата за трајни вредности ја однесе актерката Снежана Конеска Руси, која децении наназад ја докажува својата професионалност.

Посебно признание доби и маестро Дамир Имери, кој беше пофален за својата музичка виртуозност од Влатко Стефановски. ​ Дека театарската сцена останува во сигурни раце потврдија наградите кои ги добија младите актери Нина Елзесер и Тони Денковски.

Во музичкиот дел, регионалните легенди „Црвена јабука“ беа наградени за нивниот огромен придонес во музиката на овие простори, а најпопуларна пејачка во регионот беше прогласена Александра Радовиќ.

 

ИЗДВОЕНИ