Пофалбите за Ахмед, сириски имигрант кој пристигнал во Австралија пред повеќе од една деценија, се сè побројни. Неговиот братучед Мустафа го нарече „апсолутен херој“, а неговата мајка рече дека не можела да престане да плаче од гордост кога дознала што направил нејзиниот син.
Ахмед ел Ахмед, (43), скромен сопственик на продавница за овошје и татко на две деца, стана глобален симбол на храброст откако разоружа еден од напаѓачите со голи раце за време на терористичкиот напад на плажата Бонди во Сиднеј. Иако бил застрелан двапати во тој процес, неговиот чин спасил безброј животи, а благодарните граѓани ширум светот собрале околу 615.000 евра за него.
The hero’s name was Ahmed El Ahmad.
Confirmed by the news:
43 year old father of two, fruit shop owner in Sutherland.
Truly the Unsung warrior of Australia #bondibeach #Australia pic.twitter.com/CsKLAMmWyO— Rana Y. (@YogeshRanaChd) December 14, 2025
Неколку моменти пред да истрча кон вооружениот терорист, Ахмед се свртел кон својот братучед Јосија Алканџ и изговорил:
– Ќе умрам. Ве молам, пронајдете го моето семејство и кажете им дека умрев спасувајќи животи“, изјави потресениот Алканџ за австралиските медиуми пред болницата.
Двајцата за малку избегнаа да бидат затекнати во средината на масакрот. Тие поминувале покрај прославата на Ханука, каде што присутните им нудеа храна, но решија да застанат на кафе. Само десет минути подоцна, започна пукањето.
– Сè се случи толку брзо. Беше лудо, се криевме зад автомобили и гледавме како пукаат во луѓе во наша близина – додаде Алканџ.
Неверојатниот момент на храброст е снимен на видео кое брзо стана вирално. На него се гледа како Ахмед претпазливо се провлекува зад паркирани автомобили, приближувајќи се кон еден од напаѓачите, 50-годишниот Саџид Акрам.
Кога се приближил доволно, се стрчал кон него и по борба успеал да му ја одземе пушката од рацете. Го насочил оружјето кон напаѓачот и го принудил да се повлече. Додека Акрам се повлекувал, Ахмед ја спуштил пушката и ја кренал раката во воздух, сигнализирајќи им на полицијата дека не е еден од напаѓачите. Другиот напаѓач, 24-годишниот син на Акрам, Навид, ја гледал целата сцена од блискиот мост.
View this post on Instagram











