Апсење во Турција! Приведени пејачи и актери, меѓу нив и позната учесничка на Евровизија/ВИДЕО

189
EPA/TOLGA BOZOGLU

Турската полиција спроведе голема операција за дрога во средата, приведувајќи 19 јавни личности, вклучувајќи актери, пејачи и инфлуенсери. Според локалните медиуми, сите биле однесени во жандармериската станица во Истанбул, каде што дале изјави и им биле земени примероци од крв.

Во истрагата се вклучени актерите Демет Евгар, Озге Озпиринџи, Мерт Јазиџиоглу, Џан Јилдирим, Кубилај Ака, Берак Тузунатач и Мериќ Арал, како и пејачката Ирем Дериџи, инфлуенсерката Дујгу Озаслан и познатата двојка Дилан и Енгин Полат.

Адвокатката на Дилан Полат, Севинч Хороз, изјави дека нејзината клиентка веќе била тестирана претходно и дека резултатите не покажуваат присуство на дрога.

Доколку ова се смета за недоволно, подготвени сме да се подложиме на уште еден тест. Невозможно е да се разбере што се случило – нагласи Хороз.

Дилан Полат, која изгради бизнис вреден повеќе милиони евра во индустријата за убавина, претходно имала проблеми со законот. Таа беше уапсена во март под сомнение за поседување и купување дрога, а во моментов се соочува со обвиненија што вклучуваат перење пари и даночно затајување.

Пејачката Хадисе Ачикгез, позната по учеството на Евровизија во 2009 година, беше меѓу приведените.

Иако сите познати личности се испрашани, за ниту една од нив не се издадени налози за апсење, а се очекува да бидат ослободени по земање изјави и крвни тестови.

Истрагата ја води Канцеларијата за борба против шверц, наркотици и економски криминал при Истанбулското обвинителство, која се обидува да утврди дали приведените користеле дрога и со тоа го прекршиле турскиот закон.

ИЗДВОЕНИ