Српските студенти на блокада ги повикаа луѓето да дојдат на протест пред Вишото јавно обвинителство во Белград вечерва во 20 часот.
„Вчера бевме сведоци на брутално полициско насилство. Нашите пријатели и другари беа претепани до несвест, полицијата не дозволи да помине ниту брза помош. Голем број граѓани беа уапсени, вклучувајќи многу студенти. Денес имаме протест пред Вишото јавно обвинителство во 20 часот и ги молиме сите граѓани да останат и да ја поддржат борбата до крај.
Ова не е време за повлекување. Вашето присуство значи безбедност, поддршка, шанса некој да добие слобода. Затоа ве покануваме да останете со нас! Се гледаме на VJT, Савска 17а во 20 часот“, напишаа студентите на блокадата.
Денес беа уапсени неколку студенти. Властите тврдат дека тие планирале и подготвувале напад врз државните институции, блокади на патиштата, уривање на градилиштето Експо и други видови насилство со цел да предизвикаат хаос во земјата и насилно да го променат уставниот поредок.