Преполна со публика завчеравечер беше салата на македонскиот Културен центар во Белград, каде што присутните имаа можност да го проследи музичкиот проект „Извор“ во исклучително впечатлива изведба на македонските музички уметници Владимир Лазаревски (обоа), Памела Велкова (виолина) и Марко Виденовиќ (композитор и пијано).

Музичкиот проект и музичките уметници беа претставени од директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров, а настанот беше поздравен и од македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески.

Овој музички проект, кој содржи десет современи музички теми, е поддржан од Министерството за култура и туризам, а партнери на КИЦ Белград во организацијата на овој исклучително топло примен музички настан беа Културниот центар на Белград и Националниот совет на Македонците во Србија.

ИЗДВОЕНИ