Апелациониот суд му дозволи на Трамп да ја задржи Националната гарда во Лос Анџелес до сослушувањата

103
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Апелацискиот суд на САД привремено ја суспендираше пресудата на понискиот суд со која му беше наредено на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја стави Националната гарда под надлежност на гувернерот на Калифорнија, дозволувајќи им на трупите на Националната гарда засега да останат распоредени во Лос Анџелес, во услови на протести предизвикани од зголемените рации врз имигрантите.

Одлуката на тројцаta судии на 9-тиот окружен апелационен суд, составен од двајца судии назначени од Трамп и еден назначен од поранешниот претседател Џо Бајден, привремено ја задржува командната контрола врз Гардата, до почетокот на сослушувањето закажано за вторник, објави Ројтерс.

Пресудата на окружниот судија во Сан Франциско, Чарлс Брејер, го прогласи распоредувањето на Гардата од страна на Трамп за „неуставно“ и му наложи на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, да ја преземе Гардата.

ИЗДВОЕНИ