сабота, јануари 31, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Апелација ја зголеми казната за Васил Јованов на 13 години затвор

Апелација ја зголеми казната за Васил Јованов на 13 години затвор

1039

Апелациониот суд Скопје ја зголеми затворската казна за Васил Јованов на 13 години, по сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

Судот ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја одби жалбата на обвинетиот, со што првостепената пресуда е преиначена во делот на казната. Јованов претходно беше осуден на 12 години затвор за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а со одлуката на Апелација казната е зголемена за една година.

Несреќата се случи во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, кога Јованов управувал возило со брзина од 91 километар на час, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло, при што на пешачки премин ја удрил Кулакова, која починала на лице место.

ИЗДВОЕНИ