Од ЈП „Водовод и канализација“ укажуваат дека не се постапува соодветно за санкционирање на кражба на вода од другите институции кои имаат надлежност за тоа. – Загубите на вода од 65 отсто не се поради дефекти, туку главно поради кражби преку нелегално приклучување на згради, куќи и други објект и користење на питка вода наместо техничка за полевање на земјоделски површини – велат од водоводното претпријатие

Во саботата, кога беше измерена највисоката температура ова лето,  ЈП „Водовод и канализација“ констатира енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата. Оттаму нагласуваат дека потрошувачката на дневно ниво изнесува околу 360.000 кубни метри и велат дека како последица на сето ова, градскиот водоводен систем функционира со намален притисок и со повремени прекини на вода во делови од градот.

– Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува со вода за пиење од природен извор со ограничена количина од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење на базени и слично – порачуваат од ЈП „Водовод и канлизација“.

Воедно апелираат до органите на локалната самоуправа, согласно со надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење.

– Се укажува дека досега не се постапува соодветно за санкционирање на кражба на вода од другите институции кои имаат надлежност за тоа. Загубите на вода од 65 отсто не се поради дефекти, туку главно поради кражби преку нелегално приклучување на згради, куќи и други објект и користење на питка вода наместо техничка за полевање на земјоделски површини. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, да го пријават на 02 3073 010, к[email protected] или нa www.vodovod-skopje.com.mk посочуваат од „Водовод и канализација“ и истакнуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје.

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, нагласува дека проблемот со притисокот на водата е алармантен низ Скопје, но дека во голем дел од Ѓорче притисокот е толку слаб што граѓаните буквално добиваат вода капка по капка.

– Решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Ѓорче Петров ќе биде еден од моите врвни приоритети. Проектот „Оризарски рид“ веќе постои. Изготвен е од Градежниот институт на Македонија и има позитивна ревизија од ЈП Водовод и канализација – посочи Шукова.

Проектот  чини околу три милиони евра и опфаќа директен влез во главната водоводна линија со профил Ф-1.600, изградба на пумпна станица и резервоар и поставување на потисен и повратен цевковод. Со овој сериозен технички зафат ќе се реши проблемот со слабиот притисок на вода во општина Ѓорче Петров.

 

ИЗДВОЕНИ