Антонио Бандерас ja игра главната улога во трилерот „Above and Below“, во режија на Џеси В. Џонсон. Заедно со него, главните улоги ги играат Лора Марано, Кристина Очоа и Марио Тардон.
Снимањето започна во Шпанија, а филмот го продуцира AF Films.
Заплетот следи група пријатели чиј одмор на море се претвора во борба за нивните животи.
Главниот лик, Татијана (Марано), е заробена во океанот – под неа се кријат ајкули, а над површината опасни криминалци.
За да преживее и да ги спаси своите пријатели, таа ќе мора да покаже извонредна храброст и снаодливост.
Бандерас го игра Бернс, ладнокрвен и пресметлив негативец кој го познава океанот и своето домашно тло. та домашна почва.
Тој е опишан како човек обликуван од насилство – тивок, но застрашувачки, со внимателно испланирани потези.
Засега, точниот датум на премиерата на филмот не е познат.