Антонија Шола, една од најпознатите кантавторки во овој регион и добитничка на бројни награди од публиката и професијата, денес премиерно го претстави новиот музички спот за песната „Чувај ме“.
Антонија ја изведе оваа песна за прв пат пред публиката на неодамна завршениот 17-ти фестивал CMC во Водице, а судејќи според реакциите на публиката, таа веќе беше добро прифатена.
„Авторството на музиката, заедно со Антонија Шола, го потпишува Марио Регеља, па со оваа успешна соработка тие докажуваат дека се одличен тандем на приватно и деловно ниво. Антонија го довери аранжманот и продукцијата на својот сингл на искусниот Бојан Драгојевиќ, регионално познат продуцент на песни од Неда Украден, Северина, Ставрос, Борис Новковиќ и многу други. Љубовта е вечна инспирација за Антонија Шола, а во новата песна таа пее за однос на доверба што трае и никогаш не завршува. Видеото е снимено во бајковитиот имот Луна, во режија на Лука Гргаш“, се вели во соопштението на Croatia Records.
Антонија Шола е авторка и на голем број песни од многу еминентни пејачи во регионот, од Нина Бадриќ, Тони Цетински, Данијела Мартиновиќ до Младен Грдовиќ.
Таа е позната и по соработката со Тоше Проески, поради што ужива посебен статус во Македонија.
„Досега има снимено пет студиски албуми, а последниот, божиќниот албум „Сретан Божиќ љубави“, беше издаден во 2018 година за „Кроација рекордс“, се заклучува во соопштението.