
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека челниците на Манчестер Јунајтед и на Јувентус, раговараат за размена на двајца фудбалери. Истите извори додаваат дека „црвените ѓаволи“ се сериозно заинтересирани за бразилскиот интернационалец Даглас Луиз и дека се подготвени во обратната насока да го испратат неговиот сонародник Антони.