
Шпанскиот прволигаш Бетис од Севилја не се откажува од намерата повторно да ги има на располагање услугите на бразилскиот интернационалец, Антони. Крилниот напаѓач вториот дел од изминатата сезона го одработи во Шпанија како позајмен фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, чии челници веќе изјавија дека Бразилецот ќе биде продаден доколку официјалната понуда не биде помала од 50 мил. евра.