
Шпанскиот прволигаш Бетис од Севилја и понатаму се обидува повторно да ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Антони. Крилниот напаѓач вториот дел од изминатата сезона го одработи како позајмен играч во дресот на Бетис, чии челници веќе се информирани дека обештетувањето за поранешниот фудбалер на Ајакс не смее да биде помало од 30 мил. евра.