Масажата помага, ги опушта мускулите, ја подобрува работата на нервниот систем и ги намалува грчевите во мускулите од секојдневниот замор. Освен антистрес масажа, втора опција во текот на есента и на зимата е да направите масажа со вулкански камења
Драги читатели на весникот ВЕЧЕР, како ваш водич во секојдневното давање здравствени совети од областа на физиотерапијата, овој октомври ви давам насоки токму за здравјето во есента и на почетокот од зимата. Уживајте во убавината на есенските денови и дозволете природата и нашата здравствена грижа да ви бидат вистински водич за вашето здравје во секојдневието.
Бидете одговорни кон себе, редовно, три месеци навечер, консумирајте по една таблетка магнезиум, една таблета витамин Ц и Д, две таблетки спирулина, една таблетка цинк, една таблетка омега 3 и една таблетка куркума.
Редовно, три-четири пати неделно, пешачете по 45 минути или започнете физичка активност што ви одговара според времето и можноста во тековната седмица, барем два-три пати.
Есента е добра да се консултирате со вашиот физиотерапевт што е најдобро за вашето тело. Кога станува збор за здравјето на вашето тело, одберете ја антистрес масажата, која помага за смирување на стресот и за психичко опуштање.
Масажата помага за опуштање на мускулите, за подобрување на работата на нервниот систем и за намалување на грчевите во мускулите од секојдневниот замор.
Освен оваа масажа, втора опција во текот на есента и на зимата е да направите масажа со вулкански камења.
Оваа масажа ја опушта мускулатурата, помага за смирување на стресот и влијае позитивно на нервниот систем преку вулканските камења, чија значителна цел е отворање на сите чакри на телото. Наведените масажи го подобруваат имунолошкиот систем во текот на есента и на зимата. Маслата од евкалиптус, бозел и од коприва се збогатени со цинк, кој ги зајакнува природните одбранбени механизми и ги штити клетките од оксидациски стрес.
Без разлика дали ќе го започнете денот со шолја топол чај, кафе или со какао што ќе ве згрее во свежите есенски и зимски утра и ќе уживате во работниот или во слободниот ден, антистрес масажата и масажата со вулкански камења ви нудат топлина, здравје и уживање во секој миг за опуштање на телото.
Доживејте ги есента и зимата со силен имунитет, силни коски и силни мускули.
(Авторот е специјалист по здравствен фитнес, Ординација за физиотерапија ФИЗИОТЕРАПЕВТ –ЗДРАВЈЕ)