Крајнодесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД) за првпат се искачи на врвот на германските политички анкети, освојувајќи 26% поддршка, покажува истражување на институтот „Форса“. Конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ на канцеларот Фридрих Мерц падна на второто место со 24%.
АфД, формирана пред повеќе од една деценија како евроскептична платформа, под водство на Алис Вајдел поддршката од јавноста сега ја добива со цврстите антиимигрантски и деснопопулистички ставови. Партијата е најголемата опозициска сила во Бундестагот и на изборите во февруари оствари рекорден резултат од речиси 21% на федерално ниво.
Според истата анкета, 67% од Германците не ја одобруваат работата на Мерц по неговите први 100 дена на функцијата. Мнозинство германски граѓани се незадоволни од работењето на конзервативната влада на канцеларот Фридрих Мерц и според резултатите од анкетата на Институтот за проучување на јавното мислење ИНСА, правена за неделното издание на „Билд“. Според таа анкета 60 отсто од анкетираните се незадоволни од работењето на коалицијата од три партии, додека само 27 отсто изразиле задоволство. Други 13 отсто одбиле да дадат коментар.