Анкара е во преговори со канадската компанија Candu Energy и други компании во врска со плановите за изградба на втора и трета нуклеарна централа во Турција, изјави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.
Бајрактар рече дека Турција сака да „даде име“ на проектите за планираните електрани оваа година.
„Русија, Јужна Кореја и Кина се заинтересирани за втората и третата централа. Но, покрај нив, има и други земји и компании со кои преговараме. Една од нив е Канада, на пример компанијата Candu Energy“, рече министерот.