Анита Тополова –Исајловска е в.д Државен јавен обвинител

923

Републичката јавна обвинителка Анита Тополова–Исајловска е избрана за вршител на должноста на местото на Љупчо Коцевски се додека не се избере нов, на јавен конкурс. Така одлучија едногласно  членовите на Советот на јавните обвинители на денешната седница закажана за избор, а по оставката на државниот обвинител минатата недела.

Анита Тополова-Исајловска првпат е избрана за обвинителка во 2009 година, во 2013 влегува во Вишото обвинителство, а по три години е унапредена во републичка обвинителка и заменичка на тогашниот државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Таа е сопруга на екс заменик-министерот за надворешни работи, Илија Исајловски

Дополнително јавноста ја познава по нејзиното Барање за заштита на законитоста до Врховниот суд за укинување на решението со кое се одобрува обвинението во случајот „Талир“ на поранешното СЈО за нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, објави тогаш Бирн.

Во нејзиното барање до Врховниот суд се спореше дека СЈО е овластен тужител, бидејќи обвинението за „Талир“ било поднесено во ноември 2018 година, а рокот што тимот на Катица Јанева го имале за поднесување обвиненија од 18 месеци, истекол на 30 јуни 2017 година.

Топoлова-Исајловска ќе биде на функцијата в.д се додека не се избере нов државне обвинител, а не повеќе од половина година

ИЗДВОЕНИ