среда, октомври 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград

119

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.

Во интервенцијата се вклучени три авиони и два пинцгауери на ДЗС, еден хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење.

– Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност – информираа од ЦУК.

ИЗДВОЕНИ