Анета Љумаковска во Грција сними летен спот за новата песна – Градот Кавала ја нагости македонската пејачка

89

За неа многумина велат дека е една од најдобрите македонски и балкански пејачки. Тоа е таа – Анета Љумаковска. Деновиве, на море кај јужниот сосед, во Кавала, сними нов спот за новата песна и сето тоа е сè уште во фаза на монтажа. За своите впечатоци од самото снимање, еве што накратко кажува згодната пејачка:– Два дена поминати на сонце, со топлина, замор, неспиење, патување од една дестинација до друга, но, сепак, останавме позитивни, насмеани и расположени во исчекување на крајниот резултат од тоа што го имаме замислено.                            Нашата мисија ја завршивме успешно. Мисија за спот за новата песна, а за која текстот го напиша Анита Даева, додека музиката е на Бобан Мојсовски. Цврсто верувам дека ќе ја оправдам довербата на мојата верна публика.   (Д. М.) фото:ФБ

 

ИЗДВОЕНИ