Вљубена сум но не повторно, туку првпат во мојот живот! Тој ме освои со тоа што е совршенство од маж, неодамна кажа таа искрено за Рубин, нејзиното момче. Анета тоа го потврди и со објавената фотографија на која е заедно со атрактивниот црномурест кларинетист. На сликата, тие се во автомобил, зад воланот, со пријатно благи насмевки на лицата. Блескаат со полно срце љубов!
Анета Љумаковска, сега веќе поранешната пејачка на групата „Молика“, а една од најдобрите во Македонија, па и пошироко, е конечно среќна и во приватниот живот. Таа веќе не се крие од секогаш љубопитните новинари и фоторепортери кои имаат незапирлива желба јавно да ја видат заедно со нејзината нова љубов.
Откако се разведе од Џими, кој исто така беше дел од групата „Молика“, Анета е конечно во силно-нежните прегратки на Рубин Размо, инаку поранешен член на „Молика“. Некои велат дека кога вистински ќе се вљубиш тогаш ги кажуваш, но и ги пееш вистинските зборови. Како што Анета, впрочем, пее и во својата песна, „Љубовта е сила“. Токму така е, дека тогаш љубовта станува и сила и моќ, ги растура сите бариери, заблуди, лошите мисли.
– Да, вљубена сум, но не повторно, туку, верувале или не, првпат во мојот живот. Тој ме освои со тоа што е совршенство од маж, неодамна кажа таа за врската со Размо. Дека е навистина така, Анета потврди и со објавената фотографија на која е заедно токму со него, со атрактивниот црномурест кларинетист, Рубин Размо. На сликата тие се во автомобил, зад воланот, а таа на совозачко седиште со испреплетени раце и со пријатно благи насмевки на лицата. Блескаат од радост и со полно срце љубов. Зарем има нешто поубаво од тоа, кога некој е среќен. И вљубен, до ушите!
Многу е очигледно дека Љумаковска е среќна и тоа многу среќна. За да ги потврди големата среќа и големата вљубеност, Анета на Рубин му посвети и најнова објава, овој пат роденденска: – Со тебе секој ден е подарок. Среќен роденден, да си ми жив и здрав!. Инаку, Анета не мирува ниту во професионалниот живот. Од многубројните понуди што ги има на просторите на поранешна Југославија да остане да живее и да работи таму, Љумаковска, сепак, се одлучи кариерата да си ја гради во својата татковина: – Точно е дека имам постојани понуди, но не се пронаоѓам на српскиот музички пазар. Овде сум родена, растена, воспитувана, во овој наш македонски дух. Го сакам тоа што е мое, па одлучив да останам во мојата татковина, да творам тука. Морам да им се заблагодарам на луѓето од РТВ Србија кои пред некој ден ме поканија да пеам и тоа на македонски јазик, на нивната ВИП- прослава по повод 90 години од постоењето. Ми беше голема чест да ја претставам македонската песна. Воедно и доказ дека луѓето сакаат да ме слушаат насекаде, без разлика на нација, јазик или вера, вели разубавената пејачка, инаку родум битолчанка.
Таква е Ане, темпераментна, жива, интересна, позитивно опасна. По испеаните хитови: „Слушни ме, мајко стара“, „Дари ми љубов“, „Мојата Битола“, „Имаш друга“, „Мори чупи Костурчанки“, „Куќи и дворој испустени“, „Добра журка“, „Лично Наде“, „Ништо ново“… Љумаковска, сепак, подготви нешто ново, најново, на музички план.
Неодамна, во Грција, во градот Кавала, сними нова видеоприказна преку која ни ја донесува новата песна. За таа новата песна, како и за спотот, вели дека сè уште се во фаза на финална монтажа. Емотивниот текст го напиша нашата позната новинарка Анита Даева, а музиката е на Бобан Мојсовски. – Тоа е хит во најава, нагласи Анета. Ние, пак, новинарите одвај чекаме тоа, скроеното, да го видиме или на некоја официјална есенска ВИП-промоција за медиумите или да го слушаме, допрва, дома со кафенце, преку јутјуб-каналот.
Д.М. /фото:приватна архива