Андријана Јаневска во Шпанија славеше 15 години брак!

82

На популарната поп-пејачка Андријана Јаневска совршено ѝ оди и во приватниот и во професионалниот живот. Често ја канат на настапи, пее на концерти со кои се одбележуваат различни настани во земјава, а и има хитовски песни. Расположена е и весела, драга за муабет со новинарите. Деновиве на сите им се пофали дека ѝ цутат рози и во бракот. Семејниот живот ѝ годи на Андријана, која не само што блеска на сцената туку и во брачниот живот. Пред некој ден, таа славеше 15 години откако е во среќен брак. Славењето се случи, неслучајно, во омилената Барселона, Шпанија.

Се разбира дека славењето беше заедничко, со сопругот Гино, а со нив беа и нивните двајца синови. Целото семејство пред катедралата на Антони Гауди, попозната како „Црквата на светото семејство“, која се наоѓа токму во Барселона.                             Сите на број! Ова предизвика многубројни позитивни коментари. Наредниот ден, по прославата, Андријана замина на плажа да се разлади од неподносливите жештини, па  сподели и фотографија во костим за капење. Сè уште изгледа одлично!  (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ