Македонскиот натпреварувач во билјард, Андреј Ѓурчиновски (15 години) освои бронзен медал на Европското првенство за млади што се одржа во Словенија.
Неверојатно убаво чувство е да се биде денес Македонец во Подчетртек, Словенија, на Европското првенство во билјард за млади. Се отвори и уште една врата, таа најбитната, таа најтешката, таа која изгледаше многу недостижна пред неколку години, но најперспективната, таа која дава светлина за следните генерации, истакнаа меѓу другото од Снукер федерацијата на Македонија.