Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои бронзениот медал во скок во далечина, со скок од 7.77 метри, остварен во последната серија, на Балакнијадата која се одржа во грчкиот град Волос.
Златниот медал му припадна на Милтиадис Тентоглу од Грција, актуелен олимпсики, светски и европски првак, со скок од 8.07 метри, додека сребрен беше Божидар Сарабујуков од Бугарија, актуелен европски првак во сала, со скок од 7.90 метри.
„Многу сум среќен што денес освоив бронзен медал за Македонија. Условите со ветерот беа навистина тешки за сите скокачи, па затоа сум навистина задоволен со скокот од 7.77 метри против Милтос Тентоглу. Со подобри услови, денес беше можно да се скокне и 8.00 метри“, изјави Андреас
Оваа година Андреас беше финалист на Европското првенство во сала во скок во далечина и го освои осмото место во Апелдорн (Холандија), а пред еден месец стигна до првото место на Европското еипно првенство во Марибор (Словенија).