Анџелина Џоли ненадејно ја посети Украина, влегла пеш во земјата откако и го мобилизирале возачот/ФОТО

116
Facebook Український Південь

Ненајавената посета на познатата актерка и хуманитарка Анџелина Џоли на Украина беше засенета од бизарен инцидент. Според повеќе извори, член на нејзиниот тим наводно е мобилизиран во украинската армија, пишува Политико.

Џоли го посети Херсон, град на фронтовската линија, како амбасадор на УНИЦЕФ во вторникот, а ова е нејзина втора посета на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година, откако претходно го посети Лавов.

Висок украински функционер потврди за Политико дека член на придружбата на актерката имал инцидент со воени регрути на контролниот пункт, но властите сè уште истражуваат што точно се случило. Истиот функционер откри и дека Џоли не ја известила украинската влада за нејзиното пристигнување и влегла во земјата пеш.

Дополнителна конфузија предизвика и соопштението на Копнените сили на украинската армија. Тие првично објавија детално соопштение во кое се вели дека возачот на актерката е мобилизиран, но објавата подоцна беше избришана. Тие за „Политико“ изјавија дека не можат „ниту да потврдат, ниту да негираат“ деталите за инцидентот.

„Информациите што се шират во медиумите се искривени, истрагата е во тек и сите околности се разјаснуваат“, се вели во нивното дополнително соопштение.

Сепак, регионалниот одбор за регрутација на Николаев го потврди инцидентот, наведувајќи дека возачот на Анџелина Џоли е регрут и добил повик за воена обука. Засега не е познато дали морал веднаш да одговори на повикот или ќе пријави подоцна. Тимот на актерката одби да даде официјален коментар за целиот случај.

ИЗДВОЕНИ