Анџелина Џоли го крена гласот: Ја сакам мојата земја, но не ја препознавам

52

Добитничката на Оскар, актерката Анџелина Џоли, која учествува на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан во Шпанија со филмот „Couture“, беше замолена на прес-конференција да коментира за моменталната состојба во Соединетите Американски Држави.

Ја прашаа од што се плаши како уметник и Американка.

Актерката длабоко воздивна и размисли неколку моменти за почетокот на својот одговор.

„Тоа е многу тешко прашање. Ја сакам мојата земја, но во овој момент не ја препознавам. Отсекогаш сум живеела интернационално, моето семејство е интернационално, моите пријатели, мојот живот… Мојот поглед на светот е еднаков, обединет и меѓународен. Сè, каде било, што ги дели или ограничува личните изрази и слободи на секого, мислам дека е многу опасно. Ова се толку сериозни времиња што мора да бидеме внимателни и да не ги кажуваме работите лесно. Ова се навистина, навистина тешки времиња што ги живееме заедно“, заклучи актерката.

Вреди да се напомене дека нејзината изјава за слободата на изразување дојде само неколку дена откако ABC, во сопственост на Дизни, ја отстрани популарната доцноноќна емисија на Џими Кимел од својот распоред „на неодредено време“.

Сето ова се случи по коментарите што водителот ги даде за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк.

ИЗДВОЕНИ