Анџела Агелер заминува од земјава, потврди амбасадата на САД

23

Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите ширум светот кои американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги отповика од функциите, потврди Амбасадата на САД во Македонија.

„Длабоко сме ѝ благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и посветени сме на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и на нашите дипломатски односи“, велат од Амбасадата на САД во изјава за МИА.

Оттаму додаваат дека Амбасадата ќе продолжи да работи нормално во текот на смената на амбасадорите.

Според најновата одлука на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, од речиси 30 земји во светот ќе бидат отповикани амбасадори и дипломати назначени од неговиот претходник Џо Бајден. Освен Македонија, други европски земји кои се засегнати се Црна Гора, Словачка и Ерменија.

Стејт департментот посочи дека амбасадорот е личен претставник на претседателот на САД и негово право е да се осигура дека во странските земји има поединци кои ја промовираат агендата „Америка на прво место“.

Анџела Агелер во септември 2022 година на церемонија во американскиот Стејт департмент даде заклетва како нов американски амбасадор во Северна Македонија, а на почетокот на ноември истата година да презеде функцијата и му ги предаде акредитивните писма на тогашниот претседател Стево Пендаровски.

Трамп разрешува 30 амбасадори, меѓу нив и Анџела Агелер

ИЗДВОЕНИ