Анчелоти ги откри најдобрите играчи што ги тренирал

58
epa11938211 Real Madrid's head coach Carlo Ancelotti attends a press conference in Madrid, Spain, 03 March 2025. Real Madrid plays against Atletico Madrid in a UEFA Champions League Round of 16 first leg match on 04 March. EPA-EFE/JUANJO MARTIN

На сите им е јасно дека еден од најдобрите тренери во светот е Карло Анчелоти. На крајот од минатата сезона, Анчелоти одлучи дека неговото време во Реал (М) е завршено и реши да побара нова средина.

Имено, Италијанецот стана нов селектор на Бразил и ќе се обиде да го освои Светското првенство следната година. На негово место, на клупата на Реал (М) седна поранешниот играч на овој клуб, Чаби Алонсо.

Анчелоти се квалификуваше за Светското првенство следната година со Бразил и јасно е дека има големи амбиции.

Во неодамнешен разговор, Италијанецот ги откри најдобрите играчи што некогаш ги тренирал, а тоа се: Дидие Дрогба (Челзи), Роналдо Назарио (Милан), Кака (Милан), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид) и Кристијано Роналдо (Реал Мадрид).

Покрај тоа, во неодамнешно интервју за L’Equipe, тој зборуваше за тоа кого би го водел по Бразил.

„Клуб? Единствениот клуб што ме интересира да го тренирам е Реал Мадрид“, рече италијанскиот стручњак.

Покрај оваа тема, тој се осврна и на едно од најголемите потписи во историјата на мадридскиот клуб – Килијан Мбапе.

„Што се однесува до Мбапе, тој никогаш не ме замолил да биде задолжен за изведување на пенали или слободни удари“, започна Анчелоти и продолжи: „Многу е лесен за тренирање, скромен е и се однесува многу добро“.

Анчелоти и неговиот Бразил ќе се вратат во акција во октомври кога ќе играат пријателски натпревари против Јужна Кореја и Јапонија.

ИЗДВОЕНИ