
Трофејниот италијански стручњак и моментално селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го привлече вниманието на спортската јавност со изјавата дека само за еден тим би се вратил во клупскиот фудбал. Иако пред неколку недели изјави дека завршил со клупскиот фудбал, Анчелоти сега потврди дека не би ја одбил понудата по трет пат да биде предводник на шпанскиот гигант Реал (М).