петок, февруари 6, 2026
Дома LIFE АНБ вработува инженери, плата до 60 илјади денари

АНБ вработува инженери, плата до 60 илјади денари

83

Агенцијата за национална безбедност вработува инженери, со или без претходно работно искуство за плата од 50.000 до 60.000 денари во зависност од работната позиција и претходното работно искуство.

-Со овој оглас, Агенцијата отвора можност за вклучување на стручни и мотивирани инженери кои сакаат да ја градат својата професионална кариера и да придонесат во заштитата на националната безбедност. Деталните услови, критериумите и рокот за пријавување, како и потребната документација и текстот на јавниот оглас, можат да се преземат на веб-страницата на Агенцијата, во деловите „Транспарентност“ и „Кариера“, велат од АНБ.

Ова е втор јавен оглас од формирањето на Агенцијата, со што, како што велат одговорните, уште еднаш се потврдува определбата за транспарентна, отворена и законска постапка при вработување кадри.

-АНБ доследно ја применува практиката на јавно и рамноправно информирање, овозможувајќи им на сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите да се пријават и да учествуваат во селекцискиот процес под еднакви услови, велат од Агенцијата.

Заинтересираните кандидати потребно е да пополнат пријава, да потпишат изјава за државјанство, изјава дека не е член на политичка партија, да потпише полиграфско тестирање за проверка на професионален интегритет при засновање на работен однос и согласност за полагање тест за интегритет.

ИЗДВОЕНИ