И оваа година сите првачиња во училиштата во Бутел на 1 септември ќе добијат висококвалитетен анатомски ранец со потребниот училиштен прибор за непречен почеток на учебната година.
Покрај тоа, сите првачиња во општинските основни училишта ќе добијат и униформи.
– Овој училиштен пакет има цел да им овозможи на родителите финансиско олеснување за кое би требало да издвојат околу 9.000 денари. Заедно со висококвалитетниот анатомски ранец, овој пакет ќе содржи и тетратка за почетно пишување, помагало за броеви, блок, самолеплива колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, моливи, острилка и гумичка – соопштија од Општина Бутел.
Ова е четврта година по ред од постоењето на Општина Бутел во која се обезбедуваат ранец и училиштен прибор за секое прваче во општинските основни училишта, а од минатата година се обезбедуваат и училишни униформи.