недела, февруари 15, 2026
Дома СВЕТ Аналена Бербок се спрема за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации

Аналена Бербок се спрема за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации

100

Министерката за надворешни работи на Германија во заминување, Аналена Бербок ќе биде претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, бидејќи нејзиното назначување, според внатрешните договори во рамките на ОН, се смета за формалност, пренесува dpa.

Бербок треба да биде избрана во ОН во јуни, а нејзиниот едногодишен мандат ќе започне во септември.

Првично, највисоката германска дипломатка Хелга Шмид беше закажана за оваа позиција, поради што промената на одлуката предизвика критики.

Поранешниот претседавач на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојсген, на пример, ја нарече кандидатурата на Бурбок „дрскост“.

„Најдобриот и меѓународно најискусниот германски дипломат е заменет со модел со истечен рок“, рече Хојсген.

ИЗДВОЕНИ