Ана Винтур му донесе среќа на Ѓоковиќ, Ноле го прекина тренингот поради неа/ФОТО

809
EPA/TOLGA AKMEN

Новак Ѓоковиќ го заврши својот прв натпревар на Отвореното првенство на САД како што се очекуваше.

Немаше проблеми против младиот Лернер Тијен и работата беше завршена во три сета. А, пред почетокот на натпреварот, имаше време за краток разговор со модната икона.

За време на тренингот на стадионот „Артур Еш“ пред натпреварот, српскиот ас ја забележа Ана Винтур, иконата на познатото модно списание „Вог“.

„Ѓаволот носи Прада“ е култен филм кој е снимен по нејзината богата кариера.

Ана го сака тенисот, а Новак накратко го прекина тренингот за да ја поздрави.

Се чини дека му донесе среќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by U Penjanju 🎾 (@u_penjanju)

ИЗДВОЕНИ