четврток, февруари 19, 2026
Дома МАГАЗИН Ана Стојановска во смела модна комбинација на Берлинале

Ана Стојановска во смела модна комбинација на Берлинале

37

Снегот и студот не ѝ пречеа на нашата актерката Ана Стојановска да се одлучи за смела модна комбинација за да прошета на црвениот тепих на Берлинале, еден од најголемите филмски фестивали во Европа.

Таа на црвениот тепих се појави во интересна креација од нашиот моден дизајнер Игор Марков, во црно боди и црвено палто со пердувести ракави, а преку тенки црни хулахопки облече и црни чизми со дебела рамна потпетица до над колена.

Нејзиниот изглед очигледно привлече внимание, па не изостанаа и коментари од нејзините пријатели.

Еден од нив беше и  „Хипотермијата се плаши од неа“ која асоцираше токму на нејзиниот „разголен“ изглед наспроти студот во Берлин.

Како и да е, Ана Стојановска и овој пат покажа дека е во извонредна физичка форма. Ако на тоа се додаде и нејзината храброст секогаш да експериментира со модните стилови, тогаш е сосема очекуван и ваквиот изглед на нашата позната актерка, која е дел од екипата на македонскиот филм „17“, кој синоќа имаше премиера на Берлинскиот филмски фестивал.

Фото: ФБ на Ана Стојановска

ИЗДВОЕНИ