Изминатиот викенд, во градот Шибеник на јадранскиот брег! Убавата и распеана Македонка ја испеа песната „Само љубав постоји“. Музиката ја напиша хитмејкерот Григор Копров, текстот е на Роберт Пилепиќ, а аранжманот на нејзиниот брат Стефан Петановски. Сите се сложни дека Ана вокално „растури“ на сцената во Шибеник. Тоа беше една од нејзините најдобри интерпретации!
Македонската поп-пејачка Ана Петановска, која во последната година направи силен пробив во врвот на естрадата, не застанува. Ни за еден чекор. Минатиот викенд, по настапите на фестивалите во Белград, Сплит и Тиват, таа пееше и на фестивалот „Далматинска шансона“ во градот Шибеник, на Јадранско Море. Се случи токму тоа што сите го очекувавме од нашата Ана. Како претставничка на Македонија на овој познат меѓународен музички фестивал, Петановска или Петан, како што ѝ е уметничкото презиме, освои награда за најдобра фестивалска интерпретација.
Сега кажете дека немаме музичка сцена, немаме пејачи, зашто постојано се жалиме на „Фејсбук“ дека сме загрозени од концертите на пејачите од Србија, Хрватска и Босна. Сосема неточно. Ана, уште еднаш, а со наградата во Шибеник, ги демантира тие површни приказни. Убавата и распеаната Македонка ја испеа песната „Само љубав постоји“. Музиката ја напиша хитмејкерот Григор Копров, текстот е на Роберт Пилепиќ, а аранжманот на нејзиниот брат Стефан Петановски.– Ана вокално „растури“ на сцената во Шибеник! Тоа беше една од нејзините најдобри интерпретации. Затоа и наградата е сосема заслужена. Доби огромно ракоплескање и овации од публиката. Веднаш по настапот, хрватските медиуми се заинтересираа за оваа талентирана Македонка. Најважно од сѐ е што доби понуда за соработка со издавачката куќа ‘Кроација рекордс‘, раскажа добро расположениот композиторот Григор Копров.
Ана и Копров не застануваат тука. Овој викенд, на 30 август, на Меѓународниот фестивал „Охрид-фест 2025“ ќе ја слушнеме во натпреварувачкиот дел со песната „Небо“, а со која победи во Тиват во дует со легендарниот Дадо Топиќ. Сега сите очи се свртени кон Ана, во надеж дека и на охридскиот фестивал ќе се закити со уште некоја значајна награда. А, можеби и пак, да победи! Трпение – спасение! Важно дека имаме пејачка пред чии интерпретации луѓето паѓаат на колената.
– Големо задоволство ми е што ќе пеам на „Охрид-фест 2025“. Со ништо не сум оптоварена. Најважно ми е песната да ја испеам онака како што јас знам, на таа фестивалска сцена на „Долни Сарај“ и пред ТВ-екраните во директниот пренос од Охрид, ни порачува прекрасната Ана. (Д.М.) фото: ВЕЧЕР