Македонската пејачка, Ана Петановска, продолжува со силно и впечатливо присуство на регионалната музичка сцена. По нејзиниот забележителен настап на традиционалниот Василичарски концерт, вечер петок, 30 јануари од 20 часот, таа ќе се претстави со настап во живо во рамките на програмата на РТС Клуб, кој ќе се емитува во живо на РТС 3, .

Настапот ќе обедини еминентни музичари од Белград и ќе понуди автентично музичко доживување, во кое изразот, интерпретацијата и уметничката зрелост на Петановска доаѓаат до целосен израз. Публиката ќе има можност да ја проследи нејзината препознатлива емоционална длабочина и сценска присутност во формат кој ѝ прилега – жив, интимен и искрен.

Ана Петановска веќе двапати настапуваше во Србија, на реномираниот фестивал „Београдско пролеће“, каде што беше пречекана со голем интерес и позитивни реакции од стручната и пошироката јавност. Овие настапи ја потврдија нејзината позиција како интерпретатор со јасен музички идентитет, впечатлив и уникатен вокал со регионален потенцијал.

Во моментов, Петановска интензивно работи на својот нов албум, кој е потпишан со Croatia Records, а чие издавање се очекува во март. Албумот најавува ново креативно поглавје во нејзината кариера и дополнително го зацврстува нејзиниот уметнички пат.
Настапот на РТС 3 претставува уште еден значаен чекор во нејзината јавна и уметничка афирмација, нудејќи ѝ на регионалната публика можност да ја доживее Ана Петановска во живо – токму таму каде што нејзината уметност најсилно говори.

ИЗДВОЕНИ