
По успешната тениска кариера, Ана Ивановиќ повторно е во центарот на вниманието на јавноста поради приватниот живот. Откако се прошири веста дека се разведува од познатиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, сите забележаа дека беше на настан организиран од „Ролекс“, каде што меѓу поканетите, покрај неа, беше и поранешниот швајцарски тенисер, Роже Федерер.
На прославата, Ана Ивановиќ беше во друштво на својата колешка Гарбиња Мугуруза, а покрај нив имаше и други важни личности од светот на спортот. Таму беа поранешниот број 1 – Роже Федерер, тенисерот Стефан Едберг, поранешниот светски шампион во Формула 1 – Џенсон Батон, како и швајцарската скијачка Лара Гут.
На свечената вечера, Ана блесна во сив фустан и по кој знае кој пат ѝ припадна титулата за една од жените со стил во спортот. Носеше сатенски фустан, едноставен, но елегантен.
Таа инвестираше во овоштарник во Крчедин. Станува збор за плантажа со јаболка во која, според неофицијални информации, биле инвестирани дури шест милиони евра. Ана влезе во овој бизнис во 2015 година и го искористи капиталот стекнат во текот на својата кариера. Мештаните на Крчедин потврдуваат дека таа навистина стои зад таа инвестиција, забележувајќи дека нејзиниот татко, Миодраг Ивановиќ, кој е еден од косопствениците, одиграл клучна улога во целиот бизнис.
– Да, точно така, сега, кога ќе почнете, ќе видите бескрајни јаболка оддесно. Па, тоа се нивни. Таткото на Ана е таму. Но, таа ги даде парите за тој бизнис – рече жител на селото.
Кој е најголемиот успех во кариерата на Ана Ивановиќ?
Српската тенисерка имаше можност да го посети „Игуалес“ и да зборува за спортот што ја направи славна. Таа успеа да освои две грен-слем титули и да стане број 1, па затоа беше замолена да избере која ситуација ја претпочита.
– Тешко прашање , но морам да одговорам бидејќи и двете се големи достигнувања. Кога треба да избирам, го избирам грен-слемот. Секако, да се биде прв во светот е нешто особено и мора да се биде постојан. Нема ништо подобро од чувството при освојување грен-слем, кога станувате победник или освојувате поен – рече Ана Ивановиќ.